Doğa Kırmızıoğlu
06 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА ‒ На третиот овогодишен Гренд слем турнир во тенис ‒ „Вимблдон“ вчера се одиграа четвртфинални дуели во машка и женска конкуренција, известува Агенција Анадолија (АА).
Србинот Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во четвртфиналето се сретна со Италијанецот Јаник Синер. Италијанецот ги освои првите два сета за водство од 0:2 (по сетови 5:7, 2:6), но Ѓоковиќ успеа да се врати во игра и да освои три сета по ред, извојувајќи победа од 3:2 (по сетови 5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2) и пласман во полуфиналето на Вимблдон.
Во вториот четвртфинален дуел силите ги одмерија Британецот Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофен. И овој меч се играше во пет сета. Нори успеа да го совлада Гофен со 3:2 (по сетови 3:6, 7:5, 2:6, 6:3, 7:5) и во полуфиналето ќе игра против Ѓоковиќ в петок, 8 јули, со почеток во 14:30 часот.
Денеска се играат преостанатите два дуели од четвртфиналето на Вимблдон. Во првиот дуел се среќаваат Чилеанецот Кристијан Гарин и Австралијанецот Ник Кириос, а во вториот силите ќе ги одмерат Шпанецот Рафаел Надал и Американецот Тејлор Фриц. Победниците од овие две средби ќе играат во вториот полуфинален меч.
‒ Џабир ја совлада Боузкова, Марија подобра од Нимаер
Во женска конкуренција се одиграа два четвртфинални дуели. Тунижанката Унс Џабир ги одмери силите со Чехинката Маријa Боузкова. Џабир беше поуспешна и извојува победа од 2:1 (по сетови 3:6, 6:1, 6:1), пласирајќи се во полуфиналето на Вимблдон.
Во вториот четвртфинален дуел се сретнаа Германките Татjaна Маријa и Жил Нимаер. Мариа по изгубениот прв сет, ги доби следните два за победа од 2:1 (по сетови 4:6, 6:2, 7:5) и пласман во полуфиналето на кое ќе игра против Џабир.
Денеска се играат преостанатите два полуфинални дуели во женска конкуренција. Се среќаваат Австралијанката Ајла Томљановиќ и Јелена Рибакина од Казахстан, а вториот дуел е меѓу Романката Симона Халеп и Американаката Аманда Анисимова.