Emre Doğan
15 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На третиот гренд слем тениски турнир оваа година, кој се одржува во Вимблдон, во финалето во поединечна женска конкуренција шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса со 2-0 ја совлада американската тенисерка Венус Вилијамс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на тенискиот турнир кој се одржува во Лондон, главниот град на Англија, се сретнаа четиринаесеттата носителка Мугуруса со десеттата носителка Вилијамс.
Шпанката Мугуруса за време од 1 час и 17 минути, со резултат 2-0 (по сетови 7-5, 6-0) ја совлада американската тенисерка Вилијамс и стана нова шампионка на Вимблдон.
Мугуруса, која во финалето на Вимблдон во 2015 година загуби од Серена Вилијамс, својот единствен гренд слем турнир во кариерата го освои минатата година на Отвореното првенство на Франција.
Мугуруса е втората шпанска тенисерка која го има освоено Вимблдон, по Кончита Матринез на која тоа и појде од рака во 1994 година.