Mutlu Demirtaştan
18 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот фудбалер Тангуј Нијанзу премина од германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен во шпанскиот клуб Севиља, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Севиља соопшти дека со 20-годишниот фудбалер е потпишан петгодишен договор.
Иако вредноста на трансферот не е прецизирана, шпанските медиуми шпекулираат дека се работи за 20 милиони евра.
Нијанзу својата професионална кариера ја започна во Париз Сен Жермен, а во 2020 година премина во Баерн Минхен.
Тој играше и за јуниорската селекција на француската репрезентација, а за Минхен настапи на 28 натпревари и постигна еден гол.