Mutlu Demirtaştan
20 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со шестата трка во сезоната која ќе се одржи во Шпанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Шпанија (Spain Grand Prix) на патеката „Барселона - Каталонија“, која е долга 4,6 километри и се наоѓа во Каталонија, возачите ќе треба да извозат 66 круга.
В сабота со почеток во 16:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Шпанија е закажана за в недела, 22 мај, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката на пистата во Мајами, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Шарл Леклер (Монако): 104 поени
2. Макс Верстапен (Холандија): 85 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 66 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 59 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 53 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ферари: 157 поени
2. Ред Бул: 151 поен
3. Мерцедес: 95 поени
4. Мекларен: 46 поени
5. Алфа Ромео: 31 поен