Aldijana Hadzic
13 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
АБУ ДАБИ
Екипата на Челси, освојувачот на европската Лига на шампиони, во финалето го совлада Палмеирас, освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, и се закити со титулата шампион на Светското клупско првенство што го организираше Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), известува Агенција Анадолија (АА).
Во Абу Даби се одигра завршницата на 18. издание на Светското фудбалско првенство, а екипата од Лондон во финалето извојува победа од 2:1.
На натпреварот што се одигра на стадионот „Мохамед бин Зајед“, Челси поведе со погодокот на Ромелу Лукаку во 55. минута, а Палмеирас го изедначи резултатот на 1:1 во 64. минута со голот што го постигна Рафаел Веига.
Откако натпреварот заврши без победник, се одиграа продолжетоци.
Кај Хаверц во 117. минута од средбата постигна погодок за нова предност на Челси од 2:1, што англискиот претставник ја сочува до крајот на натпреварот.
Во натпреварот за третото место, египетската екипа Ал Ахли со резултат 4:0 го совлада саудискиот претставник Ал Хилал.