Abdulkadir Karakaya
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Во Западната конференција екипата на Хјустон Рокетс со 104:102 ја совлада екипата на Оклахома Сити Тандер и со 4:3 успеа да се пласира во полуфиналето на плејофот на Западната конференција, каде што ќе ги одмери силите со Лос Анџелес Лејкерс, известува Агенција Анадолија (АА).
Американската Национална кошаркарска лига (НБА) продолжи со два натпревари. Во Западната конференција, по нерешениот скор од 3:3 во натпревари, се одигра седмата решавачка средба меѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер. Хјустон извојува тесна победа од 104:102 и се пласира во полуфиналето на Западната конференција каде што ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.
Во редовите на Рокетс најдобар перформанс покажаа Роберт Ковингтон со дабл-дабл учинок од 21 поен, 10 скока, Ерик Гордон со 21 поен, 3 скока и Расел Вестбрук со 20 поени и 9 скока.
Во редовите на Тандер, Лугуренц Дорт постигна 30 поени, 4 скока, додека Крис Пол оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за да се избори пласман во полуфиналето на конференцијата.
- Мајами Хит поведе со 2:0 во полуфиналето на Источната коференција
Во вториот натпревар од полуфиналето на плеј-офот во Источната конференција, екипата на Мајами Хит со 116:114 ги совлада Милвоки Бакс и поведе со 2:0 во меѓусебните дуели.
Најпрецизни во редовите на Хит беа Горан Драгиќ со 23 поени и Тајлер Хиро со 17 поени.
Кај Бакс Јанис Антетокунпо постигна дабл-дабл од 29 поени и 14 скока, додека Крис Мидлтон 23 поени и 6 скока, но тоа не беше доволно за да се совлада Мајами.