спорт

Фудбалскиот клуб Рома ќе се продаде на американски конзорциум за 700 милиони долари

Во соопштението од Рома е наведено дека клубот направил договор со „Фриткин груп“ (The Friedkin Gruop) околу продажбата, а трансакцијата би требало да изнесува 591 милион евра, што е околу 700 милиони долари

Can Erözden  | 06.08.2020 - Обновена : 07.08.2020
Фудбалскиот клуб Рома ќе се продаде на американски конзорциум за 700 милиони долари

АНКАРА

Италијанскиот фудбалски клуб Рома е продаден на американскиот деловен конзорциум „Фриткин груп“ (The Friedkin Gruop) за 591 милион евра (околу 700 милиони долари), јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Рома е наведено дека клубот склучил договор со „Фриткин груп“ околу продажбата, а трансакцијата би требало да изнесува 591 милион евра.

„Задоволство ми е што можам да потврдам дека постигнавме договор со „Фриткин груп“ за продажба на АС Рома“, рече претседателот на италијанскиот клуб, Џим Палота.

Палота додаде дека страните потпишале договори и дека ќе работат на довршување на правната постапка во наредните денови.

„Сите од „Фриткин груп“ сме среќни што презедовме чекори да станеме дел од овој град и клуб. Се радуваме што ќе го затвориме купувањето и што е можно поскоро ќе влеземе во семејството на АС Рома“, рече претседателот на Управата на „Фриткин груп“, Ден Фриткин.

„Фриткин груп“ е приватен деловен и инвестициски конзорциум со седиште во Хјустон во Тексас и е еден од најголемите светски независни дистрибутери на „тојота“. Групата исто така вложува во луксузни одморалишта.

Според бизнис-списанието „Форбс“, богатството на американскиот бизнисмен Ден Фриткин (55) се проценува на 4,1 милијарда долари.

Еден од популарните фудбалски клубови во Европа, Рома, трипати ја освојуваше титулата на италијанската Серија А и тоа во 1942 година, 1983 година и во 2001 година, како и девет титули на италијанскиот куп, последен пат во 2008 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın