Fatih Erel
11 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
ИСТАНБУЛ
Европските фудбалски фанови донираа над 1.000 пара копачки за фудбал за сириските деца кои се сместени во бегалскиот камп „Затари“ во Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обувките беа собрани за време на одржувањето на минатогодишната Трофејската тура на УЕФА Лига Европа, која беше организирана во осум европски градови: Женева, Севилја, Берлин, Лондон, Милано, Москва, Париз и Баку“, се вели во денешната изјава на УЕФА.
„Како дел од Трофејската тура на УЕФА Лига Европа, повеќе од 1.000 пара копачки им беа доделени на сириските бегалци во кампот“, соопшти УЕФА.
„Откако го посетив бегалскиот камп „Затари“, од лично ја видов големата желба на младите да играат фудбал и колку им значи играта“ рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Кампот за бегалци „Затари“ во Јордан е дом на повеќе од 80.000 раселени сириски бегалци.