Emre Doğan
15 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Вечерва се играат седум натпревари од претпоследното коло од квалифијациите за ЕУРО 2020, а веќе заврши дуелот помеѓу Турција и Исланд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турците во групата „Х" на преполниот стадион „Турк Телеком" во Истанбул ремизираа 0:0 со селекцијата на Исланд и со овој бод обезбедија пласман на ЕУРО 2020.
Лидерот на групата моментално е Турција со 20 бодови, Франција е втора со 19, и со натпревар помалку, Исланд има 16, Албанија 12, со натпревар помалку, и Андора и Молдавија по 3 бодови, исто така со натпревар помалку.
Натпреварот во Истанбул го гледаше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој на стадионот дојде по завршената дводневна работна посета на Вашингтон.