Doga Kirmizioglu
12 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
ЛОНДОН (AA) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер третиот ден од завршниот Мастерс турнир во Лондон во групата „Бјорн Борг" го совлада италијанецот Матео Беретини со 2:0 во сетови, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерер го доби првиот сет со 7:6 со многу потешкотии. Швајцарскиот тенисер во другиот сет играше многу подобро и славеше со 6:3.
За швајцарецот ова е прва победа на турнирот откако во првиот меч е поразен од Доминик Тим од Австрија.
Третиот ден од турнирот се завршува со дуелот Новак Ѓоковиќ - Доминик Тим.
На завршниот турнир од сезоната во Лондон настапуваат најдобри осум тенисери во светот.