спорт

Викендов се вози Големата награда на Бразил

На патеката Хозе Карлос Пасе во Сао Паоло со должина од 4.309 метри, возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози зададените 71 круг за победа на Големата награда на Бразил

Berad Büyük  | 15.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Викендов се вози Големата награда на Бразил

ИСТАНБУЛ

Возбудата на патеките на Формула 1, на 20. трка сезонава, викендов продолжува во Бразил, пишува Агенција Анадолија (АА).

На патеката Хозе Карлос Пасе во Сао Паоло со должина од 4.309 метри, возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози зададените 71 круг за победа на Големата награда на Бразил. Трките за полпозициите се в сабота, на 16 ноември, со почеток во 19:00 часот по средноевропско време, а трката е закажана за в недела, 17 ноември, со почеток во 18:10 часот.

Британецот Луис Хамилтон (34), возачот на Мерцедес, на трката за Големата награда на САД ја прогласи својата шеста шампионска титула во Формула 1.

Пласман на првите пет возачи и тимови пред Големата награда на Бразил:

- Пласман на возачи:

1. Луис Хамилтон (В. Британија) 381 поен

2. Валтери Ботас (Финска) 314 поени

3. Шарл Леклер (Монако) 249 поени

4. Макс Верштапен (Холандија) 235 поени

5. Себастијан Фетел (Германија) 230 поени

- Пласман на тимови:

1. Мерцедес 695 поени

2. Ферари 479 поени

3. Ред Бул 366 поени

4. Мекларен 121 поен

5. Рено 83 поени




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.