Hüseyin Burak Demirer
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА
Белгискиот стопер Тоби Алдервирелд, кој го носи дресот на англискиот Премиер лигаш Тотенхем, најмалку две недела нема да игра поради повреда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата на прес-конференција ја потврди тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Мурињо даде информации околу здравствената состојба на Алдервирелд, кој беше повреден за време на мечот од 9. коло на Премиер лигата, против Манчестер Сити.
Според Мурињо, повредата на 31-годишниот фудбалер не е толку лоша, и дека нема да игра од две до четири недели.