Fatih Erel
01 Јули 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
ИСТАНБУЛ - Возбудата на Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со 10. трка сезонава која ќе се одржи во Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Нортхемптоншир во Велика Британија се наоѓа патеката „Силверстон“, долга 5.891 метар. Возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 52-та круга за победа на Големата награда на Велика Британија. Натпреварите за полпозиции ќе се одржат утре, 2 јули, со почеток во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Велика Британија е закажана за в недела, 3 јули, со почеток во 16:00 часот.
Во досега одржаните 9 трки од Шампионатот во Формула 1, Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, извојува шест победи, Шарл Леклер, возачот на Ферари победи на две трки, а Серхио Перез, колега на Верстапен од Ред Бул, победи на една трка.
Пласманот на првите 5 возачи и тимови според освоените поени на досегашните 9 трки е следен:
- Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 175 поени
2. Серхио Перез (Мексико): 129 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 126 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 111 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 102 поени
- Тимови
1. Ред Бул: 304 поени
2. Ферари: 228 поени
3. Мерцедес: 188 поени
4. Мекларен: 65 поени
5. Алпин: 61 поен