Bakir Tiro
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) поднесе кривична пријава против интернет-сајтот „Viagogo“ поради неовластена продажба на влезници за претстојниот Мундијал во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на ФИФА пријавата ја поднесоа уште на 4 мај, и тоа во Обвинителството во Женева (Швајцарија).
Пријавата е покрената откако на адресата на ФИФА пристигнаа голем број жалби за малверзациите на „Viagogo“, а на навивачите им е препорачано да престанат да купуваат влезници за натпреварот на СП преку неофицијални дистрибутери, меѓу кои се наоѓа и споменатиот сајт.
Од ФИФА истакнаа дека „Viagogo“ продавал влезници по двојно поголеми цени. Навивачите, кои поседуваат влезници купени од неофицијалните дистрибутери, изразија загриженост дека би можело да им биде скратен и влезот на стадионите.
Светското фудбалско првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули оваа година.