Hilmi Sever
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Русија ќе започне на 14 јуни со натпреварот на домаќинот Русија и Саудиска Арабија, и на тој начин ќе биде отворена најголемата фудбалска игра на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот натпревар на овогодишниот Мундијал се игра во главниот град Москва, на стадионот „Лужники“, а на натпреварувањето ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе се борат во осум групи. Светското првенство ќе се игра на 12 стадиони во 11 руски градови.
Репортерските екипи на АА преку специјални вести и репортажи ќе го следат СП. Новинарите на АА на претплатниците ќе им понудат специјални приказни, во кои, меѓу останатото ќе се занимаваат со историјатот на досега 20-те одржани мундијали, со поединечното претставување на репрезентациите, потоа со незаборавните моменти на досегашните првенства, како и со другите најзначајни информации од Русија.
Освен екипите од канцеларијата во Москва, АА во Русија ќе испрати и додатна шестчлена екипа, чија задача ќе биде следењето на Светското првенство. Фоторепортерите на АА се акредитирани на 70 отсто од натпреварите, а по групната фаза ќе ги следат сите натпревари.
Планирано е пред и за време на Светското првенство во Русија да се објават повеќе од 100 специјални приказни, а добар дел од репортажите ќе бидат проследени и со инфографика. Освен тоа, АА секој ден преку инфографики ќе дава распоред за натпреварите.
АА содржините од Светското првенство ќе ги емитува на турски, македонски, албански, БХС (босански, хрватски, српски), руски, англиски, француски, шпански, курдски, сорани, арапски, персиски и индонезиски јазик.
Сите вести и материјали во врска со натпреварот ќе бидат објавени и на социјалните медиуми.
На веб-страницата на АА е поставена и нова категорија „Русија 2018“, каде што читателите ќе имаат можност да ги пронајдат сите интересни нешта поврзани за Светското првенство, а кои ќе бидат сервисирани од АА.