Stipe Majic
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ЗАГРЕБ (AA) - Жупаниското државно обвинителство во Осиек донесе неправосилна пресуда со која Здравко Мамиќ е осуден на 6 и пол години затвор за незаконско извлекување на 116 милиони куни (15,5 милиони евра) од фудбалскиот клуб Динамо, преку трансфер на хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен, јавува Anadolu Agency (AA).
На изрекувањето на пресудата која ја донесе судијата Дарко Крушлин не се појави ниту Здравко Мамиќ, ниту тројцата обвинети. За извлекување на парите од Динамо обвинети се братот на Здравко, Зоран, директорот на Хрватскиот фудбалски сојуз и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ, и даночниот инспектор Милан Пернар.
Се товарат дека ја оштетиле државната каса за 12,2 милиони куни (1,62 милиони евра) непресметан данок.
Судијата Крушлин даночниот инспектор Милан Пернар го осуди на вкупно 3 и пол години затвор.
Здравко и Зоран Мамиќ и Дамир Врбановиќ прогласени се за виновни за малверзации и распределба околу трансферот на Ловрен и Модриќ.
Здравко Мамиќ е осуден вкупно за две точки од обвинението на 6 и пол години затвор, а неговиот брат Зоран на 4 години и 11 месеци затвор.
Мамиќ вчера ја напушти Хрватска, а изрекувањето на пресудата, судејќи според претходните објави на Фејсбук, го дочека во Меѓугорје, во БиХ, чие државјанство поседува.