Hüseyin Burak Demirer
16 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) поднесе тужба за враќање на 2 милиони швајцарски франци кои му биле доделени на Мишел Платини, додека на чело на ФИФА бил Сеп Блатер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ФИФА, во тужбата поднесена до швајцарските судови, побарано е да се вратат 2 милиони швајцарски франци кои во февруари 2011 година биле дадени на Платини, кој во тој период бил претседател на Европската фудбалска федерација (UEFA).
„Чекорот е преземен по одлуката на Извршниот одбор на ФИФА“, се вели во соопштението и се додава дека Врховниот суд на Швајцарија исплатата ја опишал како „несоодветна“.
Во 2015 година, ФИФА двајцата раководители ги казни со осумгодишна суспензија од фудбалските функции. Судот за спортска арбитража на ФИФА нивната казна ја намали на шест години.
Времетраењето на казната на Платини беше намалено на четири години по неговата жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС).