Mutlu Demirtaştan
24 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб Фенербахче објави дека е договорен трансфер со хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб и дека фудбалерот денес ќе допатува во Истанбул, известува Анадолу.
„Постигнавме начелен договор со Доминик Ливаковиќ и со клубот Динамо Загреб за негов трансфер во Фенербахче. Тој денес ќе пристигне во Истанбул за да се направат здравствени прегледи и за натамошни преговори за трансферот“, се наведува во соопштението.
Хрватскиот голман, кој кариерата ја започна во ФК Загреб, во Динамо Загреб премина во 2015 година. Ливаковиќ (28) во дресот на Динамо Загреб настапи 290 пати и освои шест титули првак на Хрватското фудбалско првенство и две титули победник на хрватскиот куп.
Ливаковиќ за репрезентацијата на Хрватска настапи 45 пати. Со хрватската селекција Ливаковиќ беше втор на Светското првенство 2018 година и трет на Мундијалот 2022 година.