Hüseyin Burak Demirer
22 Август 2022•Ажурирај: 23 Август 2022
АНКАРА
По одигрувањето на реванш средбите од плеј-офот на 23 и 24 август ќе бидат познати последните 6 екипи кои ќе се пласираат во групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони, најважната клупска организација на европскиот фудбал, известува Агенција Анадолија (АА).
Елиминираните тимови ќе го продолжат својот пат во групната фаза на УЕФА Лига Европа.
Турскиот претставник Трабзонспор кој како гостин загуби со резултат 2:1, на 24 август во Трабзон ќе го пречека данскиот претставник Копенхаген.
Сите реванш натпревари од плеј-оф фазата на Лигата на шампиони ќе започнат во 21:00 часот.
Вторник:
Бенфика (Португалија) - Динамо Киев (Украина) (2:0)
Викторија Плзен (Чешка) - Карабах (Азербејџан) (0:0)
Црвена Звезда (Србија) - Макаби Хаифа (Израел) (2:3)
Среда:
Трабзонспор (Туркије) - Копенхаген (Данска) (1:2)
Динамо Загреб (Хрватска) - Бото Глимт (Норвешка) (0:1)
ПСВ (Холандија) - Ренџерс (Шкотска) (2:2)