Bedrudin Brlyavac
21 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Усеин Болт, поранешен спринтер од Јамајка, во интервју за ФИФА објавено на официјалната страница на организацијата, зборувајќи на повеќе теми, од фудбал до атлетика, откри кои се тројцата фудбалери со кои би сакал да се обиде да се натпреварува во трка на 100 метри, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе се фудбалерите против кои би сакал да се обидам на патеката. Го следам фудбалот и гледам многу натпревари. Роналдо и Меси се над сите, но го сакам и Рахим Стерлинг. Единствено што ми пречи кај Стерлинг е што игра во Манчестер, но не игра во црвен дрес“, изјавил Болт.
Тој во продолжение на разговорот рекол дека навистина ужива во играњето фудбал, напоменувајќи дека секогаш е подготвен за таа игра:
„Сакам да играм фудбал, но во моите години постојат и некои други обврски, не можам доволно да му се посветам. Без разлика на сѐ, ќе продолжам да настапувам на пријателски и хуманитарни натпревари.“