спорт

Формула 1: Во недела се вози трката за Големата награда на Сингапур

- Во недела, на 22 септември, се вози 15. трка сезонава, Големата награда на Сингапур. Борбата за полпозициите е закажана за сабота, 21 септември, во 15:00 часот

Berad Büyük  | 20.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Формула 1: Во недела се вози трката за Големата награда на Сингапур

ИСТАНБУЛ

Возбудата на трките во шампионатот во Формула 1 продолжува со 15. трка сезонава, Големата награда на Сингапур, јавува Anadolu Agency (AA).

Патеката во Сингапур, наречена „Марина беј стрит“ е долга 5.063 метри, а трофејот ќе биде во рацете на оној кој најбргу ќе извози 61 круг на оваа патека. Во сабота, на 21 септември, со почеток во 15:00 часот ќе почне трката за полпозициите, додека трката за Големата награда на Сингапур е закажана за недела, 22 септември, со почеток во 14:10 часот.

Големите награди на Бахреин, Шпанија, Монако, Канада, Франција, Велика Британија и Унгарија ги освои возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, додека на трките во Австралија и Азербејџан победи неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас. Големите награди на Австрија и Германија завршија во рацете на возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верштапен. Интересно е дека на последните две трки победи младиот возач на Ферари од Монако, Шарл Леклер.

Пласман на првите 5 пилоти и тимови во Формула 1 пред Големата награда на Сингапур:


Пласман на пилоти:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 284 поени

2. Валтери Ботас (Финска) 221

3. Макс Верштапен (Холандија) 185

4. Чарлс Леклер (Монако) 182

5. Себастијан Фетел (Германија) 169




Пласман на тимови:

1. Мерцедес 505 поени

2. Ферари 351

3. Ред Бул 266

4. Мекларен 83

5. Рено 65



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.