СКОПЈЕ
Денес на програмата се натпреварите од 3. коло на УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на 3. коло од групната фаза во европското најпрестижно фудбалско клубско натпреварување, УЕФА Лига на шампиони, вечерва на програмата се 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.
Во групата А се среќаваат Локомотива Москва и Атлетико Мадрид, додека Салцбург го пречекува Баерн Минхен. Баерн Минхен е лидер на табелата со 6 бода, а Локомотива Москва и Салцбург се на поделбата на 3. и 4. место со 1 бод.
Во групата Б Шахтјор Донецк на домашен терен ја пречекува Борусија Менхенгладбах, а во вториот натпревар од оваа група Реал Мадрид го пречекува Интер. Под знак на прашање е настапот на Алексис Санчез за Реал Мадрир, а сигурно е дека за Интер нема да настапи Ромелу Лукаку поради повреда на ногата. Шахтјор е лидер на табелата со 4 бода од 2 средби, Борусија и Интер се на 2. и 3. место со по 2 бода, а Реал Мадрид е на последното место со 1 бод.
Во групата Ц Манчестер Сити го пречекува Олимпијакос, а Порто на домашен терен игра против Олимпик Марсеј. Манчестер Сити е лидер на табелата со 6 бода. Порто и Олимпијакос се наделбата на 2. и 3. емсто со по 3 бода, додека Олимпик Марсеј е на последното место без бодови.
Во групата Д Аталанта на домашен терен го пречекува Ливерпул, а Ајакс му гостува на Мидтјиланд. Ливерпул ќе настапи без повредениот Вирџил Ван Дајк и Фабињо. Ливерпул е лидер на табелата со 6 бода. Аталанта е втора со 4 бода, Ајакс 1 бод, додека Мидтјиланд се наоѓа на последното место без бодови.
Денес на програмата се натпреварите:
18:55 Локомотива Москва - Атлетико Мадрид
18:55 Шахтјор Донецк - Борусија Менхенгладбах
21:00 Салцбург - Баерн Минхен
21:00 Реал Мадрид - Интер
21:00 Манчестер Сити - Олимпијакос
21:00 Порто - Олимпик Марсеј
21:00 Аталанта - Ливерпул
21:00 Мидтјиланд - Ајакс
Во групата Е екипата на Челзи на домашен терен игра против Рен, додека Севиља го пречекува Краснодар. Челзи по две кола е лидер на табелата со 4 бода, колку што има и Севиља на второто место. Краснодар и Рен се на 3. и 4. место со по 1 бод.
Во групата Ф Зенит игра против Лацио, додека Клуб Бриж ја пречекува Борусија Дортмунд. На врвот од табелата се наоѓа Лацио со 4 бода, колку што има и второпасираниот Клуб Бриж. Третопласирана е Борусија Дортмунд со 3 бода, а на последното место се наоѓа Зенит без бодови.
Во групата Г Барселона на домашен терен игра против Динамо Киев, додека во вториот натпревар Јувентус му гостува на Ференцварош. Барселона е лидер на табелата со 6 бода, Јувентус е втор со 3 бода, а Динамо Киев и Ференцварош се на делбата на 3. и 4. место со по 1 бод.
Во групата Х Истанбул Башакшехир во Истанбул го пречекуа Манчестер Јунајтед, додека Лајпциг на домашен терен игра против ПСЖ. Манчестер Јунајтед се наоѓа на врвот на табелата. На делбата на второто место се ПСЖ и Лајпциг, додека на последното место се наоѓа Истанбул Башакшехир без освоен бод.
Среда (4 ноември) на програмата се натпреварите:
18:55 Зенит - Лацио
18:55 Истанбул Башакшехир - Манчестер Јунајтед
21:00 Севиља - Краснодар
21:00 Челзи - Рен
21:00 Клуб Бриж - Борусија Дортмунд
21:00 Барселона - Динамо Киев
21:00 Ференцварош - Јувентус
21:00 Лајпциг - ПСЖ
news_share_descriptionsubscription_contact
