Mutlu Demirtaştan
29 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Европската фудбалска организација (УЕФА) изработи лого за финалето на претстојната Лига на шампиони што ќе се игра во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај 2020 година на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.
Логото за финалето ќе биде претставено вечерва во Монако, во текот на церемонијата на која ќе биде избран најдобриот играч на Европа во изминатата сезона.
На логото ќе се најде натписот „Истанбул 20 Финале“ и симболите на Градот на Босфорот како кулата Галата, Босфорот, џамиите и Дикилиташ.