Yunus Kaymaz
29 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ИСТАНБУЛ
Денес во Монако ќе се одржи извлекувањето на групите од УЕФА Лигата на шампиони за сезоната 2019-2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес со почеток во 18:00 часот во Монако ќе започне извлекувањето по групи на екипите учесници на најпрестижното европско фудбалско клупско натпреварување УЕФА Лига на шампиони.
Единствени фудбалери од Северна Македонија што ќе настапат во Лигата на шампиони се Елиф Елмаз во дресот на италијанскиот клуб Наполи и Аријан Адеми, кој настапува за хрватскиот претставник Динамо Загреб.

По синоќешните реванш-средби од плејофот, познати се и последните учесници во Лигата на шампиони. Распоредот на тимовите по „шеширите“ е следен:
1. „шешир“:
Ливерпул, Челзи, Манчестер Сити, Барселона, Јувентус, Баерн Минхен, Париз Сен Жермен, Зенит.
2. „шешир“:
Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Наполи, Шахтјор Донецк, Тотенхем, Ајакс, Бенфика.
3. „шешир“:
Олимпик Лион, Баерн Леверкузен, Салцбург, Олимпијакос, Клуб Бриж, Валенсија, Интер, Динамо Загреб.
4. „шешир“:
Галатасарај, Локомотив Москва, Генк, Лајпциг, Славија Прага, Црвена Звезда, Аталанта, Лил.
- Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 септември
Натпреварите по групи во Лигата на шампиони ќе започнат на 17 и 18 септември, а ќе завршат на 10 и 11 декември.
Финалето на УЕФА Лигата на шампиони 2020 ќе се игра на 30 мај на олимпискиот стадион „Кемал Ататурк“ во Истанбул.