Mutlu Demirtaştan
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Европската фудбалска организација (УЕФА) го објави идеалниот тим за Лигата на шампионите, во кој на списокот од 18 играчи се најдоа осуммина фудбалери на Реал Мадрид, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на УЕФА се наведува дека најдобриот тим на сезоната во Лигата е составен од страна на стручен тим којшто ги следел сите натпревари.
Во тимот се најдоа осуммина играчи на шампионската екипа Реал Мадрид и по тројца фудбалери од Јувентус и од Атлетико Мадрид.
Во најдобриот тим во Лигата на шампионите, исто така, се најдоа и тројца играчи од регионот: Јан Облак, Миралем Пјаниќ и Лука Модриќ.
Голманите на најдобриот тим се Џанлуиџи Буфон (Јувентус) и Јан Облак (Атлетико Мадрид). Одбраната на тимот се состои од Дани Карвахал, Серхио Рамос, Марсело (Реал Мадрид), Диего Годин (Атлетико Мадрид) и Леонардо Бонучи (Јувентус).
Во средниот ред се Касемиро, Тони Крос, Лука Модриќ, Иско (Реал Мадрид), Миралем Пјаниќ (Јувентус) и Tемуе Бакајоко (Монако).
Нападите ги предводат Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона), Aнтоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Mбапе (Монако) и Роберт Левандовски (Баерн).