Oktaj Omeragikj
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Синоќа со три натпревари започна 10. коло од европското кошаркарско клупско натпреварување ТХЈ Евролига, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во рамките на 10. коло на ТХЈ Евролигата во кошарка се одиграа 3 средби. Кошаркарите на Анадолу Ефес му гостуваа на рускиот претставник Химки. Гостите извојуваа победа од 77:105 (30:29, 21:29, 12:28, 14:19), нанесувајќи му тежок пораз на домаќинот од 28 поени разлика.
Најпрецизни во редовите на Анадолу Ефес беа Крунослав Симон со 24 поени, 5 асистенции, 2 скока, Шејн Ларкин со 20 поени, 7 асистенции, 2 скока и Тибор Плајс со 18 поени, 2 скока, 2 асистенции.
Статистички, Анадолу Ефес имаше 85% прецизност од слободни фрлања, 63,8% од поле и 51,9% од ударите за 3 поени, додека Химки имаше 50% прецизност од слободните фрлања, 45,3% од поле и 44,8% од ударите за 3 поени.
Во редовите на Химки најпрецизни беа Џордан Мики со 5 скока, 1 асистенција и Јанис Тима со 13 поени, 5 скока.
Денеска се играат преостанатите средби од 10. коло во ТХЈ Евролигата. Меѓу поинтересните дуели се средбите Реал Мадрид - Фенербахче Беко и Барселона - Црвена Ѕвезда.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Химки - Анадолу Ефес 77:105
Басконија - Панатинаикос 93:72
Баерн Минхен - ЦСКА Москва 81:89
Денеска на програмата се средбите:
20:00 Алба Берлин - Зенит
20:45 Олимпија Милано - Жалгирис
21:00 Реал Мадрид - Фенербахче Беко
21:00 Валенсија - Макаби
21:00 Барселона - Црвена Ѕвезда
Натпреварот Асвел - Олимпијакос е откажан откако тимот на Олимпијакос пријави 5 играчи позитивни на Ковид-19.