Ömer Ertuğrul
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ЈОЗГАТ (АА) - ОМЕР ЕРТУГРУЛ – Севги Кајаалп, мајката на турскиот борач Риза Кајаалп, како своите очи ги чува медалите и наградите на нејзиниот син, кој на Светското првенство во борење одржано во Казахстан, по четврти пат освои златен медал во грчко-римски стил во категорија од 130 килограми, пишува Anadolu Agency (AA).
Мајката на турскиот национален борач Севги Кајаалп, која живее во градот Јозгат, централна Турција, медалите и наградите на својот син, што ги има освоено од самиот почеток, ги има изложено во својот дом.
Кајаалп, која една соба од својот дом ја има посветено на медалите и наградите на нејзиниот син, го очекува во Јозгат да пристигне и 4-тиот светски шампионски златен медал освоен во Казахстан пред неколку денови.
- Недостасува единствено олимписки златен медал -
Мајката на Риза, која ги чисти и се грижи за медалите и наградите, во разгворот за АА рече дека во колекцијата единствено недостасува олимписки златен медал на нејзиниот син.

Севги Кајаалп, истакнувајќи дека се моли нејзиниот син да го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио 2020 година, вели: „Син ми сите медали и награди што ги освојува од детството ги носи кај мене, а јас ги чувам. Има повеќе од 100 медали и ги чувам како своите очи. Мојот син вложува голем труд за да стигне до тие медали. Медалите, и покрај тоа што се вели дека се златни, сребрени и бронзени, немаат никаква материјална вредност, но нивната духовна вредност е многу голема.“
Мајката на светскиот првак, потсетувајќи дека Риза на олимпијадите ги има освоено сребрениот и бронзениот медал, рече дека недостасува само уште златниот медал.
„Се надевам дека следната година ќе го донесе и златниот олимписки медал и ќе го ставиме тука. За тоа се молам“, вели Севги Кајаалп.
Таа, исто така, истакна дека во собата не може да ги изложи сите медали бидејќи ги има многу.
Потсетувајќи дека Риза е оженет, Севги Кајаалп рече дека медалите и наградите на својот син ќе ѝ ги довери на неговата сопруга Зејнеп.