Fatih Erel
31 Јануари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
МЕЛБУРН (АА) - Австрискиот тенисер Доминик Тим го совлада германскиот ривал Александар Зверев и се пласираше во финалето на „Австралија опен“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тим како петти носител на турнирот денес го победи седмиот носител Зверев со резултат 3 : 1 (3 : 6, 6 : 4, 7: 6, 7 : 6).
Публиката на трибините на арената „Род Лавер“ во Мелбурн го поздрави Австралиецот кој во неделното финале ќе се состане со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ во вчерашното полуфинале без изгубен сет го совлада швајцарскиот ас Роџер Федерер. Ѓоковиќ ќе ја брани минатогодишната титула во Мелбурн, а „Австралија опен“ во својата кариера ја има освоено вкупно седум пати.
Грен слем турнирот „Австралија опен“ се одржува по 108. пат, а овогодишното издание го обележа кампањата за собирање помош за борба против големите пожари во Австралија, во која веќе се собрани 5,8 милиони долари.