Elvır Hodzıc
23 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
ДОХА - Фудбалерите на Јапонија со фантастичен пресврт успеаја да ја совладаат селекцијата на Германија со резултат 2:1 во првото коло на групата Е на Светското првенство Катар 2022, известува Агенција Анадолија (АА).
Германците поведоа со 1:0 со погоокот на Илкај Ѓундоган од белата точка во 33. минута од средбата. Резултатот не се смени до крајот на полувремето, иако Германците имаа неколку изгледни можности, меѓу кои и голот на Каи Хаверц во судиското продолжение. Погодокот беше поништен по прегледувањето на ВАР поради офсајд.

И првата половина од второто полувреме помина во доминација на Германија, но јунак на јапонската репрезентација беше голманот Гонда кој со тоа ја надомести грешката за направениот пенал во првото полувреме.
Во завршницата на натпреварот Јапонците тргнаа порешително во напад и изедначија во 75. минута со голот на Рицу Доан.
Јапонската репрезентација ги продолжи нападите против фаворизираната Германија и постигнаа целосен пресврт и голема победа од 2:1 во 83. минута со голот на Такума Асано.

Со три бода од овој натпревар, селекцијата на Јапонија го зазеде првото место во групата Е, во која вториот натпревар меѓу Шпанија и Костарика започнува во 17:00 часот.
На 27. ноември, за кога се закажани натпреварите од следното коло на оваа група, се дербито меѓу селекциите на Германија и на Шпанија, а Јапонија за противник ја има Костарика.