спорт

Случај „Боатенг“: Баерн Минхен не го обнови договорот, од 1 септември Боатенг во дресот на Лион

- Германски „Билд“ наведува дека Баерн Минхен не сакал да го обнови договорот поради проблемите што Боатенг ги имал во приватниот живот.

Erbil Başay  | 11.09.2021 - Обновена : 13.09.2021
Случај „Боатенг“: Баерн Минхен не го обнови договорот, од 1 септември Боатенг во дресот на Лион

БЕРЛИН 

Германските медиуми овие денови наголемо известуваат за фудбалерот Жером Боатенг, кому германскиот суд му изрече казна од 1,8 милиони евра поради малтретирање на мајката на неговите деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германскиот весник „Билд“ објави текст под наслов „Жером Боатенг, некогаш пример, денес тепа жени“, потсетувајќи во текстот дека Боатенг, кој бил во репрезентацијата на Германија што го освои Светското првенство во Бразил 2014 година, бил пример како фудбалер.

Во текстот се наведува дека фудбалерот издава списание и има колекција на очила, додавајќи дека иако Боатенг негирал дека ја тепал мајката на своите деца, Судот во Минхен смета поинаку.

Боатенг од 1 септември е нов фудбалер на францускиот клуб Лион, а германски „Билд“ објави дека Баерн Минхен не сакал да го обнови договорот со Боатенг, а на таквата одлука влијаеле проблемите што овој фудбалер ги имал во приватниот живот.

„Скап крај на токсичната врска“, е насловот на текстот што го објави германски „Цајт“, додека списанијата „Зиддојче цајтунг“ и „Шпигел“ за случајот на Боатенг го користеле терминот „валкани алишта“.

Медиумите објавија информации дека Обвинителството на Минхен, кое за Боатенг побарало затворска казна во времетраење од 1,5 година, размислува да поднесе жалба поради малата казна.

Од друга страна, неговиот брат Кевин-Принц Боатенг, кој игра за Херта Берлин, реагираше на постапките на сега веќе поранешниот фудбалер на Баерн Минхен.

„Долго бев оддалечен од Жером. Ги ценам и почитувам германските вредности. Не се поистоветувам со она што мојот брат го прави и повеќе немам ништо со него“, изјави Кевин-Принц.

Шерин Сенлер го обвини Боатенг дека ја навредил и ја повредил во текот на кавгата на Карибите, каде што биле на летување. Фудбалерот ги негираше обвинувањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.