Ö.Buğra Ersavaş
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - На Генералното собрание на Балканската велосипедска федерација во Истанбул, за нејзин нов претседател е избран Сашо Димитриоски, претседател на Велосипедската федерација на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на федерацијата, за нов претседател е избран Сашо Димитриоски, претседател на Велосипедската федерација на Македонија. За негови помошници се избрани Едуард Новак од Романија и Владимир Куваља од БиХ. За членови во управниот одбор се избрани Авни Нуха од Косово и Саша Гајичиќ од Србија.
По предлог на претседателот на Бугарската велосипедска федерација Евгениј Димитров, за почесен претседател на Балканската велосипедска федерација е прогласен Емин Муфтуоглу, кој веќе 12 години е претседател на Турската велосипедска федерација.