ТИРАНА (АА) - Во Тирана продолжуваат средбите на 25-то Генерално собрание на Унијата на Медитерански новински агенции (AMAN) кое започна вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска на седницата на Генерално собрание на AMAN, покрај изборот на новиот управен одбор, стана збор и за минатогодишните активности на унијата и планови кои се планираат за во иднина.
Главен и одговорен уредник на визуелните вести на Anadolu Agency (АА), Ахмет Сел ги информираше учесниците за работата на АА.
Тој нагласи дека напорно се работи во визуелните студија и додаде дека на меѓународно ниво често може да се наиде на фотографиите на АА.
Сел ги информираше учесниците за Новинарската академија на АА, чии сесии траат од еден до три месеци. Посетителите се обучуваат за новинари од областа на економијата, енергетиката, дипломатијата и военото новинарство
- Награда за АА
Во меѓувреме AMAN ја награди фоторепортерката на АА, Озге, Елиф Кизил, за најдобра фотографија.
Кизил по завршувањето на Новинарската академија на АА, од март 2014 година започнула да работи за Anadolu Agency. Во ноември 2015 година добила задача да работи на островот Лезбос,рече Кизил во разговор за АА, при што раскажа за настанот кој и ја донесе наградата:
„Со возилото постојано се движев по крајбрежјето, бидејќи никогаш не се знаеше каде што ќе се случи. Понекогаш во раните ноќни часови, понекогаш наутро. Утрото на 29 ноември додека возев по крајбрежјето од мојата лева страна заблежав како луѓе кои скокаат од еден накосен брод. Го паркирав возилото. За среќа во близина имаше многу волонтери кои им помагаа на загрозените. Иако местото не беше многу длабоко, настана хаос од луѓето кои со вресоци скокаа од бродот. Прво ги фрлаа децата во морето, потоа скокаа и родителите. Сцената беше навистина тажна. За мене проблем беше поставеноста на една карпа. Се искачив на неа. Додека се обидував да фотографирам, волонтерите ми ги доверуваа децата кои беа спасувани од морето. Фотографирањето во тие моменти беше навистина тешко, беше потребно прво да им се помогне на загрозените. Ова е една од ретките фотографии кои успеав да ги направам додека им помагав на волонтерите и морам да признаам дека рацете ми се тресеа додека фотографирав. Почестена сум и ѝм се заблагодарувам на AMAN што ме видоа достојна за наградата за најдобра фотографија“ , раскажа Кизил.
Од друга страна, наградата за најдобра вест ја доби Адил Зар Џабири, новинар на Мароканската новинска агениција.
Денеска завршува 25-тото Генерално собрание на AMAN, на кое главна тема беше туризмот и значењето на медиумите во презентацијата на туристичките потенцијали.
На средбата во Тирана, Anadolu Agency ја претставуваа Главениот и одговорен уредник на визуелните вести на Anadolu Agency (АА), Ахмет Сел и уредникот на Албанската и Македонската редакција, Аднан Идриз.
Преодното претседателство, Новинската агенцијата за Блискиот Исток (MENA) и го предаде на Албанската новинска агенција (ATA), која ќе претседава со 26-тото Генерално собрание на AMAN. Мароканската новинска агениција (MAP) ќе биде домаќин на собранието кое ќе се одржи кон крајот на месец јуни 2017 година во градот Агадир, во Мароко.
news_share_descriptionsubscription_contact
