Tuğrul Çam
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Пред Советот за безбедност на ОН, беше поставена резолуција во врска со одлуката на САД да го признае Ерусалим (Кудс) за „главен град на Израел”. САД стави вето врз оваа резолуција. По ваквата одлука, резолуцијата ќе биде поставена пред Генералното собрание на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Со резолуцијата се предвидува повлекување на одлуката објавена од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп на 6. декември, за признавањето на Ерусалим (Кудс) за „главен град на Израел”. Со вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН претседаваше Египет, која е привремена членка на Советот. По презентирањето на резолуцијата, таа беше одбиена бидејќи од 15-те членки, САД постави вето.

Се очекуваше одбивање на резолуцијата. Сега се преоѓа на ново ниво на дипломатски иницијативи, при што резолуцијата со слична содржина ќе биде претставена пред Генералното собрание на ОН.
Според извори на Организацијата за исламска соработка, се очекува, на Генералното собрание на ОН во кое членуваат 193 земји, благодарение на интензивните иницијативи кои ги води Турција, да се добие што е можно поголема поддршка.
Тоа што резолуцијата на состанокот на СБОН не беше усвоена со вето само на САД, гласајќи 14:1, создава позитивна атмосфера пред седницата на Генералното собрание на ОН.
Се смета за успех тоа што на гласањето на состанокот на СБОН резолуцијата не беше усвоена по ветото поставено само од страна на САД, а се гласаше 14:1. Постоеше можност некоја од постојните или привремени членки во СБОН да застанат покрај САД или да бидат воздржани. Врз основа на ваквиот став на СБОН, се верува дека на Генералното собрание на ОН можно е да се добие поддршка од повеќе од 160 земји.
- Земјите членки на Организацијата за исламска соработка ги забрзуваат иницијативите
Доколку резолуцијата за Кудс помине на Генералното собрание на ОН, тоа значи дека чекорите преземени од земјите на OIC започнати на Самитот во Истанбул, овозможиле добивање значајна меѓународна поддршка.
За време на Самитот на лидерите на OIC, одржан на 13 декември во Истанбул, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати повик, кој влезе во завршната декларација на самитот, а која предвидува признавање на Кудс за главен град на Палестина, која се наоѓа под окупација.
Земјите учеснички на самитот, по повикот кој го упати Турција, водат интензивна дипломатија за поддршка на Палестина. Сега се очекува позитивната атмосфера во очите на ОН, да го зголеми бројот на иницијативи.
Членките на OIC вложуваат напори Палестина да биде признаена од страна на сите земји, првенствено од страна на земјите од Европа и нејзина поголема застапеност во новите меѓународни организации.
Освен тоа, ќе започнат работи околку формирање на комитет во рамките на ОН, кој ќе биде задолжен за враќање на палестинските граници пред 1967 година. Се очекува земјите на OIC да формираат моќно единство, да се обидат да ги зголемат своите конструктивни придонеси, со цел зајакнување на палестинското помирување.
На иницијатива на Турција, пред СБОН од страна на Египет беше претставена резолуцијата „одлука за поништување на признавањето на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел”, и предвидува „правна неважност”, што не е во спротивност со одлуките на ОН. Но САД стави вето и таа не беше усвоена. На седницата на СБОН постојаните членки Англија, Франција, Кина, Русија и привремените членки Уругвај, Боливија, Етиопија, Италија, јапонија, Казахстан, Сенегал, Шведска и Украина, гласаа за резолуцијата претставена од Египет.
Резолуцијата предвидува сите чекори кои се донесени еднострано за менување на статусот на Кудс или неговата демографска структура „не се правно обврзувачки, неважечки и сите сродни договори мора да бидат откажани”. Во резолуцијата се упатува и повик државите да не ги префрлаат своите амбасади во Кудс.
Турција на минатонеделниот Самит на OIC во Истанбул, беше предводник во донесувањето на одлуката Источен Кудс да биде признаен за главен град на Палестина. Истовремено, може да се забележи дека таа ќе биде една од главните актери и ќе ги вложи сите напори за собирање на двотретинскиот број на гласови на Генералното собрание на ОН.