Gorana Jakovljevic
31 Декември 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2023
ДОХА (АА) - Португалската и светска фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со клубот Ал Наср од Саудиска Арабија, објавија локалните медиуми, известува Агенција Анадолија (АА).
Веста за тоа ја објави саудиската државна телевизија „Ал Екбарија“ на својата веб-страница.
Роналдо е слободен играч откако неодамна го раскина договорот со Манчестер јунајтед.
Според неофицијални информации, договорот важи до јуни 2025 година, а Роналдо годишно би требало да заработува 200 милиони евра.
Во текот на својата блескава кариера Роналдо во Европа настапуваше за Спортинг Лисабон, во два наврати за Манчестер јунајтед, за Реал Мадрид и за Јувентус. Во дресот на португалската репрезентација, со која во 2016 година стана европски шампион, досега одигра 196 натпревари, постигнувајќи 116 погодоци. Роналдо петпати едноподруго во својата кариера ја освојуваше Златната топка.