Doğa Kırmızıoğlu
04 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
ЊУЈОРК (АА) – Освојувачот на 21. Грен слем турнир и еден од најдобрите тенисери во светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, е во опасност да ги пропушти настапите на турнирите „Индијан велс“ и „Мајами опен“ во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Американската Управа за безбедност на транспортот (TSA) соопшти дека обврската за поседување потврда за вакцинација против коронавирусот (Ковид-19) при влез во САД е продолжена до 10 април.
Ѓоковиќ е познат по одбивањето да се вакцинира против коронавирусот и најверојатно нема да може да влезе во САД и да присуствува на турнирите од серијата АТП 1000, како и на Мастерсот „Индијан велс“, кој започнува на 6 март и на „Мајами опен“ на 19 март.
Поради невакцинација, Ѓоковиќ минатата година не можеше да настапува на последните Грен слем турнири, „Австралија опен“ и „УС опен“.
Ѓоковиќ ќе настапува на овогодишниот „Австралија опен“, со оглед на тоа што австралиските власти ги ублажија мерките за коронавирусот.