Abdulkadir Karakaya
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс утрово ги совладаа Денвер Нагетс со резултат 117:107 и изборија пласман во финалето на американската НБА-лига, јавува Агенција Анадолија (AA).
ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс го одиграа петтиот натпревар од финалната серија на Западната конференција, која заврши со 4:1 во победи за тимот од Лос Анџелес.
Најдобар поединец на натпреварот беше Леброн Џејмс, кој оствари трипл-дабл постигнувајќи 38 поени, 16 скока и десет асистенции.
Така, ЛА Лејкерс по десет години стигнаа до првото финале во НБА-лигата, а Леброн Џејмс по десетти пат во кариерата ќе игра во самата завршница на НБА-лигата, по што на третото место на најуспешни кошаркари се изедначи со Карим Абдулџабар.
Најдобар во редовите на Нагетс утрово беше Џерами Грант со 20 поени и девет скока, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ, исто така, постигна 20 поени и оствари седум скока.
ЛА Лејкерс ќе го дознаат противникот за финалето на НБА утре по шестиот натпревар од финалната серија на Источната конференција, во која Мајами Хит води со 3:2 против Бостон Селтикс.