Bakir Tiro
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
БАРСЕЛОНА (АА) - За вечерашниот „Ел класико“, натпреварот од висок ризик меѓу фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид, каталонската полиција ангажираше досега најголем број безбедносни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради најавените протести на околу 20.000 лица, кои заговараат независност за Каталонија, пред и по натпреварот, за безбедноста ќе се грижат дури 3.000 полицајци и припадници на безбедносните агенции.
Тоа е најголем број луѓе кои ќе го обезбедуваат јавниот ред на еден од натпреварите „Ел класико“, дури и во однос на дуелот на Барселона и Реал неколку дена по терористичките напади во Париз, во ноември 2015 година.
На воздржаноста и коректното однесување за време на натпреварите денеска апелираше и Жозеп Марија Бортомеу, претседател на Барселона.
„Моментот е комплициран. Стадионот „Камп ноу“ е место на слободно изразување, но и примерно однесување. Луѓето мора да уживаат во „Ел класико“, не треба да се плашат за безбедноста“, истакна Бартомеу.
Од безбедносни причини одложениот натпревар на шестиот круг на шпанската Премиер лига меѓу Барселона и Реал Мадрид, сепак ќе се одржи вечерва од 20 часот на „Камп ноу“.
Двата тима, по 16 одиграни мечеви, собраа по 35 бода и се наоѓаат на врвот на табелата.