Hüseyin Burak Demirer
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на најголемото клупско Европско првенство во фудбал, Лига на шампиони, синоќа се одиграа осум натпревари во групите А, Б, Ц и Д во сезоната 2018/19, јавува Anadolu Agency (AA).
Единствениот турски претставник во Лигата на шампиони, Галатасарај, во рамките на натпреварите од групата Д, на домашен терен ја совлада екипата на Локомотив од Москва, со резултат 3:0.
Во вториот натпревар од истата група, Шалке 04 и Порто одиграа нерешено 1:1.
Голманот на Порто, 37-годишниот Икер Касиљас, стана првиот играч кој во Лигата на шампиони ја игра својата 20-та сезона. Шпанецот Касиљас го урна рекордот, кој досега го поседуваше заедно со извонредниот играч на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс.
- Осми хет-трик на Меси -
По Кристијано Роналдо, кој е рекордер со постигнати 120 погодоци во Лигата на шампиони, на втората позиција се наоѓа Лионел Меси, кој во вчерашниот натпревар против холандскиот ПСВ постигна три од четирите погодоци на Барселона.
Аргентинскиот голгетер стигна до бројката од 103 погодоци во ЛШ, а ова беше осми хет-трик, со што го урна рекордот што претходно го делеше со Роналдо.
Покрај тоа, Меси, по Шпанецот Раул Гонзалес, стана вториот фудбалер кој 14 сезони по ред постигнува погодок во ова престижно натпреварување.
- Ливерпул извојува победа во 90.+2. минута -
Минатогодишниот финалист, англиската екипа Ливерпул, вчера ги одмери силите со екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ), една од фаворитите на ова фудбалско натпреварување. Дуелот на овие две извонредни екипи донесе големи возбудувања за љубителите на фудбалот.
Домаќинот Ливерпул поведе со 2:0 со погодоците на Даниел Стариџ и Џејмс Милнер, но ПСЖ се врати во игра и изедначи на 2:2, преку Томас Меније и Килијан Мбапе. Домаќинот, сепак извојува победа од 3:2 во судиското продолжение, со погодокот на Роберто Фирмино во 90.+2. минута од натпреварот.
Резултати од првите натпревари во Лигата на шампиони во групите А, Б, Ц и Д
Група А:
Монако - Атлетико Мадрид 1 : 2
Клуб Бриж - Борусија Дортмунд 0 : 1
Група Б:
Интер - Тотенхем 2 : 1
Барселона - ПСВ 4 : 0
Група Ц:
Црвена Sвезда - Наполи 0 : 0
Ливерпул - Париз Сен Жермен 3 : 2
Група Д:
Шалке 04 - Порто 1 : 1
Галатасарај - Локомотив Москва 3 : 0