Hüseyin Burak Demirer,Oktaj Omeragikj
14 Септември 2022•Ажурирај: 15 Септември 2022
АНКАРА
Синоќа се одиграа седум натпревари од второто коло на групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА во групите А, Б, Ц и Д, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во најважната клупска организација на европскиот фудбал, УЕФА Лигата на шампиони, вчера на програмата беше второто коло од групната фаза, во кое се одиграа натпреварите во групите А, Б, Ц и Д.
Во групата А англискиот претставник Ливерпул на домашен терен го пречека холандскиот фудбалски клуб Ајакс.
Домаќините поведоа со голот на Мохамед Салах во 17. минута од средбата, а во 27. минута Ајакс преку Кудус изедначи на 1:1. Во 89. минута од средбата Матип постигна гол за водство на Ливерпул од 2:1 и победа на домаќините.
Натпреварот меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи од истата група е поместен за денеска, 14 септември, од безбедносни причини, бидејќи поголемиот дел од полицијата е ангажирана околу активностите поврзани со погребната церемонија на кралицата Елизабета II. На натпреварот што се игра денеска, нема да присуствуваат гостинските навивачи.
Во групата Б, белгискиот претставник, тимот на Клуб Бриж, како гостин го декласира домаќинот Порто со 0:4. Во вториот натпревар од истата група се сретнаа германскиот претставник Баер Леверкузен кој му беше домаќин на шпанскиот претставник Атлетико Мадрид. Домаќините славеа со 2:0 со погодоците на Роберт Андрих во 84. минута и Муса Диаби во 87. минута од натпреварот.
Во групата Ц се играше едно од најголемите дерби натпревари на колото, дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона. На овој натпревар полскиот интернационалец од редовите на Барселона за првпат настапи против својот поранешен клуб Баерн Минхен.
Тимот на Баерн кој играше на домашен терен, премина во водство во 50. минута од средбата со погодокот што Лукас Хернандез го постигна во 50. минута. Конечните 2:0 за домаќините за победа над Барселона ги постави Лерој Сане во 54. минута.
Во вториот натпревар од оваа група, Викторија Плзен на домашен терен го пречека Интер. Гостите поведоа во 20. минута од средбата со погодокот на Един Џеко, а конечните 0:2 и победата на Интер ги постави Дензел Дамфрис во 70. минута.
Во првиот натпревар од групата Д, Спортинг Лисабон на домашен терен играше против Тотенхем. По неизвесната игра во текот на целиот натпревар, во кој ниту еден тим не успеа да создаде предност, во 90. минута Спортинг поведе со 1:0 со голот на Паулињо. Само три минути подоцна, во судиското продолжение 90+3, Спортинг веќе водеше со 2:0, благодарение на погодокот што го постигна Артур Гомес.
Во вториот натпревар од оваа група, Олимпик Марсеј му беше домаќин на Ајнтрахт Франкфурт. При крајот од првото полувреме, Јаспер Линдстрем во 43. минута од натпреварот постигна гол за предност на Ајнтрахт од 0:1. Во второто полувреме не дојде до измена на резултатот, така што Ајнтрахт си замина од Марсеј со три бода.
Резултати од натпреварите што се одиграа синоќа:
Група А
Ливерпул - Ајакс 2:1
Група Б
Порто - Клуб Бриж 0:4
Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:0
Група Ц
Баерн Минхен - Барселона 2:0
Викторија Плзен - Интер 0:2
Група Д
Олимпик Марсеј - Анјтрахт Франкфурт 0:1
Спортинг - Тотенхем 2:0
Денес на програмата се средбите:
18:45 Шахтјор Доњецк - Селтик
18:45 Милан - Динамо Загреб
21:00 Ренџерс - Наполи
21:00 Челси - РБ Салцбург
21:00 Реал Мадрид - РБ Лајпциг
21:00 Копенхаген - Севиља
21:00 Јувентус - Бенфика
21:00 Макаби Хаифа - ПСЖ
21:00 Манчестер Сити - Дортмунд