Fatih Erel
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер сити, Брахим Дијаз, потпиша за Реал Мадрид шест и полгодишен договор, односно до јуни 2025 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дијаз (19) во Манчестер сити дојде од шпанска Малага кога имаше само 14 години, и оваа сезона за Манчестер сити одигра четири натпревари.
Според британските медиуми, Реал Мадрид му платил на Манчестер сити трансфер од 15 милиони фунти (околу 19 милиони долари) за шпанскиот тинејџер.
Реал Мадрид загуби со резултат 2:0 од Реал Сосиедад на домашен терен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а во шпанската Ла Лига се наоѓаат на петтото место со 30 поени, додека Барселона го победи Гетафе со 2:1, останувајќи на врвот на лигата со 40 поени.