Bakir Tiro
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - По Светското првенство во Русија ќе донесам одлука дали ќе продолжам да играм за репрезентацијата на Хрватска, изјави Иван Ракитиќ (30), фудбалерот на Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека би сакал и понатаму да настапува за националниот тим, но дека не е сигурен дали ќе игра на уште еден голем натпревар во репрезентативниот дрес.
„Во Русија, последен пат би можел да играм за Хрватска на големите натпревари. Репрезентативец сум 11 години, па ќе видам што ќе се случува понатаму. Играњето за репрезентација за мене е гордост, и одлуката ќе ја донесам по шампионатот во Русија“, изјави Ракитиќ, кој за репрезентацијата „А“ на Хрватска одигра 91 натпревар, постигнувајќи 14 голови.
Светското првенство во Русија е последна шанса за голем репрезентативен резултат, а освен за Ракитиќ, би можела да биде и за преостанатите ветерани на Хрватска, Лука Модриќ, Марио Манџукиќ, Ведран Чорлук, како и за голманот Даниел Шубашиќ.
Хрватска на Мундијалот кој ќе започне во четврток (14 јуни) во Русија ќе настапи во групата „Д“, во која за противници ќе ги има Нигерија, Исланд и Аргентина.