Dejan Maksimovic
13 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) - Имињата на дресовите на играчите во англиската Премиер лига ќе бидат заменети со натписот „Black Lives Matter“ (Животите на црнците значат) на грбот, во првите 12 натпревари од сезоната, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Премиер лигата ќе пружи и поддршка на секој играч кој ќе одлучи да клекне пред или за време на натпреварот.
На тој начин играчите ќе можат да изразат солидарност со луѓето кои протестираат поради смртта на Џорџ Флојд, невооружен црнец кој на 25 мај почина при апсење, откако беше соборен од полицаец, белец, кој неколку минути го држеше коленото на вратот на Флојд во градот Минеаполис, американската сојузна држава Минесота.
„Ние, играчите, стоиме заедно со единствена цел - искоренување на расните предрасуди“, се вели во заедничкото соопштение од сите 20 клубови во Премиер лигата.
Тие додадоа дека се посветени на „глобалното општество на вклученост, почитување и еднакви можности за сите, без оглед на бојата на кожата или религијата“.
Во преостанатите натпревари од остатокот од сезоната, на дресовите на сите клубови ќе има значка со натписот „Black Lives Matter“, заедно со значката за благодарност до персоналот на Националната здравствена служба за неговата борба против епидемијата на коронавирусот.
Натпреварите во Премиер лигатапродолжуваат на 17 јуни, без присуство на публика, по тримесечен прекин предизвикан поради пандемијата.