Fatih Çakmak
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Организаторите на 5. Спортски игри на исламска солидарност ќе се одржат во периодот од 10 до 19 септември 2021 година во турскиот град Коња, а не од 20 до 29 август 2021 година како што беше најавено првично, јавува Агенција Анадолија (AA).
Организацискиот одбор,на чие чело е турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, одржа консултатиен состанок со Извршниот одбор на Федерацијата на спортските игри на исламска солидарност (ISSF), на којшто е усвоена одлуката за промената на одржувањето на следните игри.
Одлуката за промена на датумот е донесена поради фактот што поради пандемијата на Ковид-19 пролонгирани за наредната година се и Олимписките игри и Параолимписките игри, кои требаше да се одржат оваа година во Токио.
Турскиот министер Касапоглу изјави дека организаторите на Игрите во Коња ги продолжуваат подготовките за спортскиот настан што ќе се одржи следната година, по Олимпијадата во Токио.
„Убеден сум дека Игрите на исламска солидарност ќе ги организираме на најдобар начин, кои се вреден заеднички проект“, порача Касапоглу.