АНКАРА (АА) - Изминатиот викенд во Европа се одиграа натпреварите во петте најголеми фудбалски лиги, Премиер лигата (Англија), Ла Лига (Шпанија), Бундеслигата (Германија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа недела, на врвот од табелата во Англија се наоѓа Манчестер сити, во Шпанија е Барселона, во Германија, Борусија Дотмунд, Наполи во Италија и Пари Сен Жермен (ПСЖ) во Франција.
- Премиер лига -
Во деветтото коло од сезоната, клубот Манчестер сити на свој терен го пречека клубот Барнли. Натпреварот заврши со победа на домаќинот Манчестер сити, со резултат 3-0, со што ја освои неговата седма последователна победа.
Манчестер јунајтед беше поразен од новиот клуб во лигата, Хадерсфилд таун, со резултат 2-1.
Натпреварот одигран меѓу Тотенхем и Ливерпул заврши со победа на домаќинот Тотенхем, со резултат од 4-1. Мечот се одигра на стадионот „Wembley“ (Вембли), каде што беа присутни 80.827 гледачи, број со којшто беше срушен рекордот на најголем број гледачи на англиската Премиер лига.
Арсенал како гостин ја совлада екипата на Евертон. На овој натпевар, домаќинот постигна 2 погодока, а гостинот Арсенал петпати ја затресе мрежата на Евертон.
Челзи, кој во последните два кола не успеа да освои победа, победи против Вотфорд со резултат 4-2.
На прво место на табелата се наоѓа Манчестер сити со 25 поени, по кој следуваат Манчестер јунајтед и Тотенхем, со по 20 поени. На четвртото место се наоѓаат Челзи и Арсенал, со по 16 поени.
- Ла Лига -
Барселона, којашто во осмото коло беше поразена за првпат, во деветото коло одигра против Малага и го победи својот противник со резултат 2-0.
Валенсија на домашен терен ја совлада екипата на Севилја со четири постигнати гола, а гостинскиот тим не успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.
Последниот шампион, Реал Мадрид беше домаќин на натпреварот со Еибар, кој го победи со три постигнати голови.Атлетико Мадрид беше поразен од својот противник, Селта Виго со 1-0.
Во Ла Лига, Барселона ја зачува својата лидерска позиција со 25 поени. Второпласираната Валенсија има 21 поен, а по неа следат Реал Мадрид со 20 и Атлетико Мадрид со 19 поени.
- Бундес Лига -
Лидерот на табелата, Борусија Дортмунд, одигра нерешено против Ајнтрахт Франкфурт со 2-2.
Баерн Минхен постигна победа против Хамбург со резултат 1-0.
Екипата на Лајпциг на домашен терен го совлада својот противник Штутгарт со еден погодок, со што ја освои својата четврта последователна победа.
Натпреварот меѓу Хофенхајм и Волфсбург заврши со нерешен резултат 1-1.
На врвот на табелата во деветтото коло во Бундеслигата се наоѓа Борусија Дортмунд, со 20 поени, а потоа следи тимот на Бајерн Минхен со ист број на поени. Второпласираниот Лајпциг има 19 поени, а по него следат Хофенхајм и Шалке 04 со 16 поени.
- Серија А -
Во деветтото коло од Серија А се одигра натпревар меѓу непоразените екипи, Наполи и Интер. Натпреварот на којшто Наполи беше домаќин, заврши со нерешен резултат.
Последниот првак Јувентус постигна шест погодоци на натпреварот со Удинезе, кој успеа само двапати да ја затресе гостинската мрежа.
Лацио на домашен терен го совлада својот противник Калјари, со резултат 3-0. Рома победи против Торино со 1-0, а пак Милан одигра нерешено против Џенова.
На крајот од ова коло, екипата на Наполи со 25 поени се наоѓа на врвот на Серија А. Второпласираниот Интер има 23 поени, а по него следат Јувентус и Лацио со 22 поена.
- Лига 1 -
Клубот Олимпик Марсеј на свој терен го пречека лидерот на табелата, ПСЖ. Овој натпревар заврши со нерешен резултат од 2-2.
Монако го совлада својот противник Кан со 2-0, а Генгам на гостински терен беше поразен од Нант со 2-1.
На крајот од 10. коло, екипата на ПСЖ со 26 поени се наоѓа на врвот од француската Лига 1, второпласиран е Монако со 22 поена, а третопласирана е екипата на Нант, со 20 поени.