Erdoğan Çağatay Zontur
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Поранешниот претседател на Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА), Ленарт Јохансон, почина денес на 89-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шведската фудбалска асоцијација соопшти дека Јохансон починал поради болести поврзани со неговата возраст.
Јохансон на функцијата претседател на Шведската фудбалска асоцијација беше во периодот од 1985 до 1990 година, додека претседател на УЕФА беше 17 години, почнувајќи од 1990 година. Тој се кандидираше за претседател на ФИФА во 1998 година, но загуби од Џозеф Сеп Блатер.
Ленарт Јохансон го преобликува европскиот фудбал со радикална трансформација на Купот на шампиони во Лига на шампиони во 1992 година.