спорт, живот

Пол Погба со емотивна порака од Мека: „Ова е фантастично место“

„Само оние кои веќе биле овде можат да ме разберат како се чувствувам сега. Ова е фантастично место. Не можам ниту да ви го опишам, се надевам дека некогаш ќе дојдете...“

Doga Kirmizioglu  | 22.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Пол Погба со емотивна порака од Мека: „Ова е фантастично место“

Ankara

АНКАРА (АА) - Францускиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, објави емотивна порака од Мека и привлече големо внимание на социјалната мрежа Инстаграм, пренесува Anadolu Agency (AA).

До неодамна, најскапиот фудбалер во светот, Погба, по крајот на сезоната во Премиер лигата, одлучи да ги помине рамазанските денови на умра, аџилак во Мека.

„Само оние кои веќе биле овде можат да ме разберат како се чувствувам сега. Ова е фантастично место. Не можам ниту да ви го опишам, се надевам дека некогаш ќе дојдете. Селам“, порача Погба во видеоснимката снимена во комплексот на Ќаба.

Неговата видеоснимка досега ја гледале 3,6 милиони корисници на Инстаграм, а коментар оставија речиси 38.000 луѓе.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.