спорт

Погба: „Со нетрпение чекам да се вратам на терен“

„Четири седмици по операцијата се чувствувам добро. Со нетрпение чекам да се вратам“, порача Погба преку социјалните мрежи

Dejan Maksımovıc  | 13.02.2020 - Обновена : 14.02.2020
Погба: „Со нетрпение чекам да се вратам на терен“

МАНЧЕСТЕР (AA) - Фудбалерот од средниот ред на англиски Манчестер јунајтед, Пол Погба, преку социјалните мрежи порача дека со нетрпение чека да се врати на теренот по долгата пауза поради повредата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Откако започна со само пет премиерлигашки натпреври досега оваа сезона, се чини дека Погба е близу оздравување и дека ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Јунајтед, како уште една опција за редот за врски.

Погба во јануари имаше операција на глуждот поради што долго трпеше болки и не можеше константно да игра.

„Четири седмици по операцијата се чувствувам добро. Со нетпрение чекам да се вратам“, порача Погба под објавената слика од тренинг во теретана.

Најскапиот играч на Манчестер јунајтед оваа сезона запиша дури осум настапи, а многу медиуми шпекулираат за тоа дека не сака да го напушти Олд Трафорд. Наводно за овој одличен француски фудбалер најмногу е заинтересиран Реал Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.