Ekip
14 Ноември 2024•Ажурирај: 15 Ноември 2024
ПАРИЗ (АА) - Денеска се преземени интензивни безбедносни мерки пред фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Израел, што ќе се одигра вечерва на стадионот „Стад де Франс“ во предградието на Париз, известува Анадолу.
Како што претходно беше најавено, Франција распореди 4.000 полицајци во Париз за натпреварот од Лигата на нации на УЕФА што француската репрезентација го игра против Израел, објави францускиот весник „Ле Монд“.
Околу 2.600 припадници на жандармеријата и полицајци вечерва ќе дежураат околу стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде со почеток во 20:45 часот треба да се одигра натпреварот во рамките на Групата 2 од Лигата А на УЕФА од Лигата на нации, меѓу Франција и Израел.