спорт

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос

Во полуфиналето на Ролан Гарос, светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ, ќе игра против Надал

Abdullah Tevge  | 10.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос Фото: Мустафа Јалчин / Агенција Анадолија

ИСТАНБУЛ 

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција (Ролан Гарос), вториот грен-слем тениски турнир сезонава, известува Агенција Анадолија (АА).

Единаесеттиот ден од овој турнир што се одржува во Париз, главниот град на Франција, заврши со натпреварот помеѓу Ѓоковиќ, светскиот рекет број 1, на машката АТП-листа и деветторангираниот Матео Беретини.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ со резултат 3:1 во сетови (6-3, 6-2, 6-7 и 7-5) го совлада својот противник, Италијанецот Беретини.

Со оваа победа Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Ролан Гарос. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Беретини траеше 3 часа и 28 минути.


- Во полуфиналето се пласира и Надал

Претходно во рамките на четвртфиналето на Ролан Гарос се сретнаа Шпанецот Рафаел Надал, третопласираниот тенисер на светската АТП-листа и Аргентинецот Диего Шварцман, десеттопласираниот на листата. Надал победи со 3:1 во сетови (6-3, 4-6, 6-4 и 6-0) и избори пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција.

Надал со победата на овој дуел кој траеше 2 часа и 45 минути по 14. ти пат ќе игра во едно полуфинале на Ролан Гарос.

Во полуфиналето на Ролан Гарос, Надал силите ќе ги одмери со светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале се среќаваат Гркот Стефанос Циципас и германскиот тенисер Александар Зверев. И двата натпревари ќе се играат на 11 јуни (петок).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın