спорт

Кевин де Брујне прогласен за фудбалер на годината во англиската Премиер лига

Унијата на професионални фудбалери на Англија соопшти дека белгискиот репрезентативец Де Брујне е добитник, а дека во тесна конкуренција биле и неговите соиграчи Илкај Ѓундоган, Фил Фоден, Рубен Дијас

Abdulkadir Karakaya  | 08.06.2021 - Обновена : 09.06.2021
Кевин де Брујне прогласен за фудбалер на годината во англиската Премиер лига

ЛОНДОН (АА) - Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, е добитник на наградата за најдобар играч за изминатата сезона во Премиер лигата во изборот на Унијата на професионални фудбалери на Англија (PFA), јавува Агенција Анадолија (АА).

Унијата на професионални фудбалери на Англија соопшти дека белгискиот репрезентативец Де Брујне е добитник, а дека во тесна конкуренција биле и неговите соиграчи Илкај Ѓундоган, Фил Фоден, Рубен Дијас и Бруно Фернандес од Манчестер Јунајтед и Хери Кејн од Тотенхем.

Тоа е втора награда по ред за најдобар фудбалер во Премиер лигата во избор на ПФА, што ја освои 29-годишниот Де Брујне. Претходно во тоа успеаја само Тиери Анри и Кристијано Роналдо.

Унијата на професионални фудбалери на Англија (ПФА), исто така, соопшти и дека наградата за најдобар млад фудбалер на годината му припаднала на Фил Фоден од Манчестер Сити.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.